
Невообичаен козметички третман во Виетнам користи оган за да „согорува“ маснотии на стомакот.
Клиентите се завиткани во крпа натопена во алкохол, а потоа вработените го „фрлаат“ огнот со запалка. Во овој салон тие тврдат дека ова е најбрзиот начин да согорувате маснотии, додека клиентите уживаат и се чувствуваат опуштено.
Ова, како што велат, е традиционален метод, а дали е најуспешен сè уште не е докажано.