Актерката Хали Бери (54) со годините изгледа подобро и тешко е да се поверува дека ова лето ќе наполни 55 години.
Имено, таа на својот Инстаграм често објавува фотографии на кои се фали со своето тело без маани, а топлес изданијата ѝ се особено драги.
Хали сега уште еднаш ги почести со обожавателите со својата фотографија без градник, но ѝ сврте грб на камерата, па нешто друго беше во центарот на вниманието.
-,,Љубовта е секогаш одговорот” – напиша таа во описот на објавата каде носи проѕирно здолниште со бои на виножито со што славната актерка даде поддршка на Месецот на гордоста на ЛГБТ популацијата.
Секако не остана незабележана и тетоважата на задникот, која ѕирка под здолништето. .
Деталот не го пропуштија нејзините обожаватели кои ја бомбардираа со прашања во врска со тетоважата, а Хали одговори дека ја има веќе 30 години.
Таа исто така доби бројни комплименти за нејзиниот изглед, а обожавателите се согласија дека таа сепак е една од најубавите жени во Холивуд.
Инаку, актерката е во врска со пејачот Ван Хант (51) од минатото лето, а пред тоа имаше бурен љубовен живот и зад себе има три неуспешни брака.
Таа беше во брак со бејзбол играчот Дејвид Џастис од 1993 до 1997 година. Таа се омажи за текстописецот Ерик Бенет во 2001 година, а парот се разведе во 2005 година. Нејзиниот последен сопруг беше францускиот режисер Оливие Мартинез, со кого беше во брак од 2013 до 2016 година и заедно го имаат седумгодишниот син Мејс Роберт .
Покрај синот, Хали ја има и 13-годишната ќерка Нахла, која ја доби во врска со моделот Габриел Обри.