Хали Бери има 54 години малку е да се каже дека изгледа одлично.
Актерката објави слика на која носи боди со дезен на гепард и долги чизми со ист принт.
Хали Бери отсекогаш ја сакала модата и била забележана без оглед каква е нејзината модна комбинација. Таа исто така може да носи романтично скроени фустани, но и овој попредизвикувачки стил. Таа долго време важеше за една од најдобро облечените жени во светот.
Убавата холивудска актерка неодамна откри дека има ново момче, имено е во врска со музичарот Ван Хант. Хали беше во брак три пати. Првиот пат беше во 1993 година за Дејвид Џастис, втор пат се омажи за кантавторот Ерик Бенет во 2001 година, а третиот пат во 2013 година за актерот Оливер Мартинез, со кого го има и синот Мејс Роберт.