ХАОС НА ИНТЕРНЕТ! Викторија Бекам го промени својот ИЗГЛЕД, а сите се прашуваат САМО ЕДНО нешто

17 октомври, 2021
383858_viki2-reuter_f

Модната дизајнерка Викторија Бекам гостуваше во една емисија и направи целосен хаос со својот изглед, бидејќи многумина почнаа да се прашуваат што се случи со нејзината уста.

Многумина се согласија дека усните на Викторија изгледаат зголемени, па се прашуваат дали правила нешто на себе.

„Што по ѓаволите се случи со нејзиното лице“, се запраша еден корисник на Твитер, а тој беше само еден од бројните обожаватели и коментатори кои не можеа да го сокријат своето непријатно изненадување. „Многу ја сакам Викторија, но ужасно е што направила со усните“, вели друг коментатор.

Во емисијата таа зборуваше за бракот со Дејвид Бекам и истакна дека верува дека и по 22 години, тој е совршен сопруг и татко.

Сепак, набргу по гостувањето, социјалните мрежи блеснаа со фотографии од нејзините усни.

„Се чини дека има алергиска реакција. Зошто луѓето прават такви глупости на себе?„, „Тешко е да се прифатат совети за убавина од личноста која го направила ова од своето лице – ова!” – се само дел од коментарите.