Во интервјуто со Опра Винфри (67) во март, во кое принцот Хари (36) и неговата сопруга Меган Маркл (39) јавно го обвинија кралското семејство за расизам, рекоа дека Меган се борела со самоубиствени мисли и дека, особено Хари, се чувствува заробен. Хари продолжи да дава интервјуа и изјави за тоа колку му било тешко, а по емитувањето на документарната серија „The Me You Don’t See“, бројот на обвинувања само се зголеми.
Во серијата, што ја направи во соработка со Опра, Хари продолжи да ја отвора душата за гледачите. Во разговорите со Винфри, тој зборуваше понатаму за неговите проблеми во детството, како и пред и откако го напушти кралското семејство. Тој призна дека најмногу жали што не се спротивставил силно на расизмот.
„Направивме се што можеме за да продолжиме да си ја работиме работата и да играме улоги“, опиша Хари четири години во кралското семејство пред тој и Меган да заминат во Америка.
Дури и кога решија да заминат бидејќи се чувствуваа заробени, тој вели дека им било кажано дека не можат да го сторат тоа. Повторно спомна дека Меган сакала да изврши самоубиство и тоа е една од причините што престанале да ги извршуваат своите должности.
Тој најсилно се сврте кон неговиот татко, принцот Чарлс (74). Тој тврди дека тој и неговиот брат, принцот Вилијам (38), биле принудени од нивниот татко да страдаат како деца. И кога му се обратил на Чарлс во врска со самоубиствените мисли на Меган, тој рече дека наишол на „апсолутна тишина“ и „занемарување“.
„Нема смисла. Само затоа што ти си трпел, не значи дека твоите деца треба да страдаат“ – рече принцот Хари. Така, тој ги продолжи своите претходни тврдења дека Чарлс бил лош родител, што го научил од начинот на кој го воспитала кралицата Елизабета Втора (95).
Анонимен извор близок до кралското семејство, ја опиша за DailyMail реакцијата на семејството на новите откритија.
„Бабата на Хари го сфати сето ова многу лично и беше длабоко вознемирена од она што го рече Хари, особено за коментарите за татковството на Чарлс“, сподели изворот.
Се верува дека Чарлс сепак сака помирување со неговиот син, и покрај сè што Хари изјави во јавноста. Изворот тврди дека Чарлс не е одмаздољубив и дека ќе го одбие Хари само во случај на директен напад на кралицата, затоа што тогаш ќе застане на страната на кралицата.
„Семејството смета дека и двете интервјуа на Хари со Опра се многу безобразни“, рече изворот.