Првиот ден од новата година ќе биде навистина посебен за фановите на Хари Потер. Најавено е дека на 1 јануари 2022 година ќе се прикаже еднократен специјал по повод 20-годишнината од објавувањето на првиот филм за омилениот волшебник.
Откако HBO Max објави специјална најава во ноември составена од снимки од стари филмови, денес беше објавен уште еден трејлер кој дополнително ги воодушеви сите кои со нетрпение го очекуваа првиот ден од јануари.
Во новиот трејлер, членовите на актерската екипа се срдечно поканети да се обединат.
За кратко време видеото собра повеќе од половина милион прегледи, а таа бројка без сомнение ќе расте. Коментарите под видеото се најдобар доказ за нетрпеливоста на фановите:
„Сè уште не ми се верува дека се собираат“.
„Ова ми враќа толку многу спомени. Едвај чекам“.
„Ова ќе биде волшебен настан.
„Едвај чекам да ја видам Хермиона после толку време“.
„Многу сум возбуден поради ова.“
Инаку, во специјалот ќе се појават цела палета на актери од филмовите. Покрај големото трио Хари Потер (Даниел Редклиф), Рон (Руперт Гринт) и Хермиона (Ема Вотсон), HBO MAY потврди дека ќе гледаме и други ѕвезди кои ја одбележаа приказната, меѓу кои и Драко Малфој (Том Фелтон), Луна Лавгуд (Евана Линч), Џини Визли (Бони Рајт) и Невил Лонгботом (Метју Луис).
И тоа не е се.
Сега треба да почекаме, а добрата вест е што има помалку од еден месец до премиерата. Дотогаш уживајте во трејлерот.