Хејли Бибер стана кралица на „YouTube“ во текот на последните неколку месеци. Без разлика дали игра забавни игри како со изненадувачки гости или ја споделува својата рутина за нега на кожа, таа создава видеа што имаат по повеќе од 10 милиони прегледи и воодушевуваат многу фанови ширум светот.
Нејзиното најново видео е чекор-по-чекор туторијал како ја постигнува нејзината неуредна фризура, која обично ја прави пред излегување, кога ќе има време за тоа. Хејли вели дека неуредните бранови се еден од нејзините омилени стилови за излегување на вечера, средба со сопругот или дружење со пријателите, а подолу ви ги пренесуваме нејзините совети.
Како прв чекор, Хејли препорачува прскање со спреј што го зголемува волуменот на влажна коса пред сушење со фен. Тајната на нејзините бранови е во движењето на нејзините зглобови. Хејли ја извртува пеглата кон нејзиното лице, а потоа од него, за да го создаде овој врвен и неуреден изглед на косата што потсетува на косата која ја имаме на море.
Запомнете дека совршенството овде не е целта. Колку понеуредно изгледа, толку подобро. Ако работите со свежо измиена коса, не штедете на спрејот за да создадете малку текстура. Ова ќе ја направи вашата коса помалку „мазна“ и ќе ви олесни да ја креирате фризурата. Хејли вели дека можеби ќе ви треба дополнителен спреј за да ги задржите брановите. Најдобро решение е да почекате барем еден ден по миењето на косата за да ја направите фризурата подолготрајна. Подолу ви носиме видео каде што можете точно да видите како тоа го прави Хејли.