Холивудската ѕвезда одби да игра во „Аватар“: Никогаш нема да сретнете актер кој одбил повеќе пари

popara12 јули, 20211min0
mv5bmtawnduymtu2ndveqtjeqwpwz15bbwu3mdq1otc1oti.v1sx1777cr001777996al-830x0

Не е сè во парите

Инвестирани се сериозни пари во филмскиот серијал „Аватар“, но и приказната за актерот Мет Дејмон сведочи дека не е се до финансиите. Имено, холивудската суперѕвезда на една од трибините на Канскиот филмски фестивал откри дека добил профитабилна понуда да биде дел од ова филмско достигнување.

Сепак, тој ја одбил.

– Ми понудија да работам на мал филм наречен Аватар. Џејмс Камерон (режисерот на „Аватар“) ми понуди 10 проценти од профитот од него – рече Мет, кој требал да ја игра главната машка улога во „Аватар“, која на крајот му припадна на Сем Вортингтон.

„Никогаш нема да сретнете актер кој одбил повеќе пари“, се пошегува Мет Дејмон.

Патем, се проценува дека „Аватар“ има бруто заработка од 2,802 милијарди долари, што е за околу 5 милиони долари повеќе од „Одмаздници“.

Како што е познато, веќе се работи на филмот „Аватар 2“, чија премиера треба да се одржи на 16 декември 2022 година.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag