ХОЛИВУДСКИТЕ ДИВИ се колнат во него и го користат секој ден: Сите го имаме ова магично масло во нашата куќа, и прави чуда за УБАВИНАТА!
Легендарната актерка Софија Лорен, која оваа година наполни 87 години никогаш не била подложена на пластична операција или инјекции на ботокс.
– Постои извор на младост, и тој е составен од вашиот ум, таленти и креативност што ги внесувате во вашиот живот и во животот на луѓето што ги сакате.
„Кога ќе научите да пиете вода од тој извор, бидете сигурни дека ќе го победите стареењето“, рече таа во една прилика. Сепак, она што и помогна да изгледа младо во текот на нејзиниот живот, заедно со нејзиниот талент и креативност, беше маслиновото масло.
– Јас сум голем љубител на органско, девствено маслиново масло. Јас го користам секој ден во исхраната, но и за нега на кожата, поточно како навлажнувачки дневен крем, наместо ноќен крем и млеко за тело. Богато е со антиоксиданси, особено витамин Е, кој го забавува процесот на формирање на брчки. Маслиновото масло е тајната на мојата убавина – изјави познатата актерка од Неапол, која важи за една од најубавите жени во светот.
Џенифер Лопез, која влезе во петтата деценија и се колне дека нејзината кожа изгледа посјајна и еластична, се заколнува и во состојката што сите ја имаме дома. Таа исто така никогаш не користела ботокс и имаше пофални зборови за маслиновото масло. – Пробав сè, и козметика од аптеки и најскапи креми на светот, но секогаш се враќам со тајните што ми ги откри мајка ми кога бев млада. Маслиновото масло е лек за кожата, косата, ноктите… Тоа е магична состојка од природата. И навистина, тоа и дава на мојата кожа магичен сјај – рече таа.