ХОРОСКОП за 16. МАРТ: Јарците ќе направат добар договор, а за еден знак парите „ќе паѓаат од небо“

16 март, 2021
Buy franchise. Girls achieved success and financial independence. Strategies to Boost Income. Successful business. Passive income. Happy women enjoy money falling from above. Passive income

ОВЕН

Не прифаќајте нови обврски, најдобро е денот да го поминете во минимални деловни активности. Наскоро ќе имате поголема парична добивка што во голема мера може да реши барем дел од финансиската тензија што ве мачи.

БИК

Финансиите се во преден план. Еден пријател ви бара пари на заем, и ви е како шамар во лице. Вашата прецизност не толерира апстрактни концепти како заем за кој не е познато кој е рокот за плаќање. Не бидете премногу строги.

БЛИЗНАЦИ

Убави деловни можности се отвораат за вас. Претстојат преговори за можна соработка со странски земји, како и шанса за долго патување на кое ќе го подобрите вашиот бизнис. Не дозволувајте оваа шанса да ви пропадне поради моменталната мрзеливост.

РАК

Можеби денес ќе запознаете личност со која ве чека романтична авантура. Меѓутоа, ако ја зауздате возбудата, врската може да трае. Покрај тоа, избегнувајте шопинг бидејќи може да направите грешка што подоцна нема да можете да ја поправите.

ЛАВ

Иако сте свесни за тежината на финансиската состојба, тоа не ве спречува да ги користите сите ваши аналитички вештини и да потрошите одредена сума пари на мали задоволства што ќе ги споделите со драги луѓе. Само така може да се чувствувате корисни на овој ден.

ДЕВИЦА

Одвојувате слободно време за себе, но не се организирате на вистински начин. Пасивноста може да ги наполни туѓите батерии, но за вас може да биде извор на голема напнатост, која ако не ја извадите од вас, се заканува да прерасне во агресија.

ВАГА

Со вас, сè оди во пакет, работа, пари и љубовен живот. Сепак, од вас се бара да се прилагодите на новите околности. Вие не сте еластични, па сето тоа ви пречи, бидејќи секоја промена што не ја предизвикале сами кај вас, предизвикува фрустрација и незадоволство.

ШКОРПИЈА

Бегството од реалноста е најлесно ако се фокусирате на туѓ живот и проблеми што не ви припаѓаат. Додека верувате дека сте во света мисија да спасите други луѓе, во позадина вие всушност избегнувате да се соочите со сопствените проблеми што ве очекуваат само вас.

СТРЕЛЕЦ

Ве мачат нерешени врски со пријатели кои ги познавате подолго време. Не останува ништо друго освен да разговарате сериозно за сè. Ситуацијата не е лесна за решавање бидејќи сте обврзани со нив од животни околности врз кои не можете да влијаете.

ЈАРЕЦ

Ве очекуваат поволни договори, успешни набавки и стабилизација во областа на финансиите. Ако донесувате важна одлука, денот е погоден за тоа. Бидете упорни, не се откажувајте од започнување нови проекти бидејќи слична можност нема да се повтори наскоро.

ВОДОЛИЈА

Добивате вести што се, практично, патоказ. Свесни сте дека оваа информација означува каде одите понатаму, но не ви е јасно која е крајната цел. Прифатете го предизвикот и оставете времето да ви донесе одговори на сите прашања што ве вознемируваат денес.

РИБА

Амбициозни сте и сте на пат да реализирате големи планови. Сепак, заборавате дека сите успеси доаѓаат само кога е вистинското време за тоа. За вас, овој период не е клучен, затоа постапувајте соодветно. Ако планирате патување, одложете го.

escort - Korsan taksi