Овен
Имате шанса да започнете нешто ново што ќе ви се исплати повеќекратно. Бидете брзи бидејќи целата работа може да ви избега, особено ако вклучите некој друг во неа. Не мешајте интерес и пријателство за да не се разочарате.
Бик
Вие сте на прагот на промена со која завршува една фаза од вашиот живот. Не очекувајте брзи поправки бидејќи трансформацијата ќе потрае. Покрај тоа, пред вас е контакт со постара личност која носи добри можности и важни животни лекции во вашиот живот.
Близнаци
Може да се запалите неконтролирано, па извесна е одредена сериозна дискусија со непознати лица на јавно место. Можни се и контакти со луѓе од другата страна на законот. За да избегнете можни непријатности, поминете го денот во друштво на саканата личност.
Рак
Фокусот е на љубовниот живот. Саканата личност не успева да го следи хаотичното темпо со кое вие во последно време живеете. Поради недостаток на комуникација, можни се недоразбирања, кои доколку не ги решите навреме, ќе преминат во сериозен конфликт.
Лав
Не се чувствувате најдобро, а имате премногу да направите. Не сте во можност да ги исполните сите обврски кои можат да предизвикаат целосен пад на енергијата и колапс во текот на неделата. Прераспределете ги вашите капацитети и одложете сè што може да чека подобар момент.
Девица
Се обидувате да избегнете контакт со луѓе кои ве исцрпуваат. Сепак, бизнисот не препознава такво однесување, па ќе бидете принудени да трпите некои луѓе. Ќе се изненадите што можевте да пропуштите доколку не ги почитувавте и слушавте.
Вага
Се чувствувате загрозени од некого. Победата е можна со голема борба доколку сте доволно упорни. Многумина ќе почувствуваат зголемена напнатост на работа во овој период, а сето тоа како резултат на некои промени кои се случуваат во компанијата во која сте ангажирани.
Шкорпија
Ве мачат стравови. Животот го организирате на начин кој само вам ви е јасен, а тоа ве изложува на критики од соседите. Не сте расположени за убедување и долги исцрпувачки разговори, а без тоа нема друг начин да се оправдате. Бидете потолерантни.
Стрелец
Што и да започнете ќе заврши со хаос. Пред вас е стресен ден, па најпаметно е да ги избегнувате сите ситуации во кои вие би го имале главниот збор. Ако користите автомобил за да ја завршите вашата работа, не одете никаде додека не go проверите.
Јарец
Премногу сте нетрпеливи, не ги контролирате емоциите. Треба да покажете поголема благодарност за оние луѓе кои ве поддржувале во минатото. Вашата потреба за слобода може да развие уште поголема напнатост и нервоза во кругот на семејството.
Водолија
Доколку сте на почеток на некој нов проект, овој ден може да ви донесе можност една фаза да ја доведете до крај. И покрај тоа што очекувавте многу и ја попречивте реализацијата со вашите преголеми амбиции, сега се согласувате на компромис и продолжувате понатаму.
Риба
Не сте сигурни во која насока да продолжите, па оваа дилема може да ви предизвика големи главоболки. Немате многу време за двоумење, мора брзо да дејствувате. Не паничете, туку размислувајте креативно и слушајте ја вашата интуиција.