Марк Метсон е шеф на лабораторијата за неврологија во Националниот институт за стареење во Соединетите држави.
Тој е и професор по неврологија на престижниот универзитет „Џон Хопкинс“ и еден од најистакнатите истражувачи во областа на клеточните и молекуларните механизми на невродегенеративни заболувања, како што се Паркинсонова болест и Алцхајмерова болест.
Марк и неговиот тим објавија неколку трудови во кои се дискутира за тоа колку постот двапати неделно може значително да го намали ризикот од развој на Паркинсонова и Алцхајмерова болест.
Кога ги гледаме истражувањата за ограничување на калории, многу од нив покажуваат продолжен животен век, како и зголемена способност за борба против хронични заболувања.
Ова е интересно бидејќи се покажа дека постот и ограничувањето на калории го стимулираат растот на нови матични клетки, ја поправаат ДНК, го продолжуваат животот и ги одложуваат болестите поврзани со возраста и многу повеќе, па дури и се покажаа како исклучително ефикасни како третмани против рак во соработка со лекови за хемотерапија.
За жал, никогаш нема да видите клиничко испитување спроведено без тестирање со помош на фармацевтски лекови. Тоа е затоа што не може да се заработи од пост, или од растение што не може да се патентира.
Подолу е говорот на Марк Матсон, кој ја објаснува оваа теорија и истражување многу подетално: