Недостатокот на физички контакт предизвика чувство на осаменост и изолација кај голем број луѓе. Оваа ситуација нè потсетува дека, без оглед на возраста, секогаш ни треба човечки допир и нежност.
На сите луѓе им е потребен допир, тој нè поврзува, пренесува емоционално и физичко задоволство и ни дава сигурност.
Допирот може да биде лековит
Кога чувствуваме допир, срцевиот ритам се забавува, а крвниот притисок се враќа во нормала. Го намалува нивото на стрес, како и симптомите на анксиозност или депресија, па го зголемува нивото на хормони на среќа и го зајакнува имунитетот. Силата на допир е докажана и преку научни истражувања.
Откриено е дека допирот помага во ублажување на анксиозноста, која е поврзана со деменција. Држењето на бебе кожа на кожа, познато како „метод кенгур“, им помага на предвремено родените бебиња да напредуваат подобро и може да го намали ризикот од смрт на деца со мала телесна тежина за дури 36%.
Допирот е неопходен за среќа
Истражувањето открива дека 88% од луѓето веруваат дека човечкиот допир е клучот за среќен и исполнет живот. Сепак, многу испитаници рекле дека бројот на физички контакти се намалил за време на пандемијата, а околу половина од испитаниците изјавиле дека нивното ниво на човечки контакт не се променило значително за време на пандемијата.
Сепак, за некои, нивото на човечки контакт всушност се зголеми за време на пандемијата. Луѓето кои живеат во куќи со најмалку едно дете и тинејџери на возраст од 16 до 19 години велат дека се зголемил нивото на физички контакт со нив.
Сè на сè, од истражување, како и од секојдневниот живот, може да се забележи важноста на нашите секојдневни контакти, особено оние блиски, со партнер, деца или родители.