Иако некои сакаат да изгледаат како некој познат пејач или актер, тие подлежат на разни операции поради тоа, а други не се ни свесни за нивните сличности. Во оваа втората група спаѓа и тиктокерката Ејвери, која не забележала колку личи на Ријана додека нејзините следбеници на оваа социјална мрежа не и кажале.
@notavrey what is the reasonnnn#fypage
♬ GyalisFastRemixChallenge – Realremzo
Цртите и обликот на лицето, усните, носот, единствената разлика што паѓа во очи е бојата на косата: популарната пејачка е бринета, а Ејвери е русокоса. Во еден момент, таа призна дека цел живот добивала коментари за нејзината сличност со Ријана, но дека не придавала значење на тоа. Таа објасни дека е навикната на својот изглед како свој и дека не се гледа себеси како двојничка на Ријана.
@notavrey last draft from this dayyy, idk why i don’t post most of my videos😭#fypage
♬ original sound – Vell
Патем, двојниците често живеат и заработуваат ос сличноста со познатите личности, а најдобар пример за тоа е Нејтан Мидс, двојникот на актерот Бред Пит.