Покрај многуте здравствени придобивки, зелениот чај е корисен и за кожата на лицето
Помага да се намали прекумерната секреција на себум. Ова може да биде голема предност за мрсна кожа и кожа склона кон појава на акни, бидејќи прекумерниот себум е една од главните причини за формирање на мозолчињата.
Маската можете лесно да ја направите сами дома. Сега се одлучивме за онаа во комбинација со лимон.
Лимон и зелен чај
Додека зелениот чај ја смирува кожата, лимонот ја прави кожата посветла и го забавува создавањето на брчки.
Состојки:
1 лажица свежо сварен зелен чај
1 лажица сок од лимон
Постапка:
Измешајте ги состојките и нанесете ја смесата на лицето. Избегнувајте ги областите околу очите и усните. Оставете да делува околу 10 минути, а потоа исплакнете го лицето со ладна вода.