Состојки:
400 гр тестенини по желба (полжавчиња, спирали, лентички…)
3 поголеми компири
1 кромид
2 лажички слатка црвена мелена пиперка
вегета, сол, бибер
Подготовка:
Одделно сварете ги тестенините во еден сад и компирите во друг.
Исцедете ги сварените тестенини, и излупете ги компирите и лесно изгмечете ги со вилушка (не до крај, само колку да се раскашаат). Ако сакате побрзо да бидете готови со ручекот. Компирот излупете го и исечете го на коцкички, така ќе се свари побрзо.
Испржете го исецканиот кромид на масло во поголема длабока тава, додадете ја мелената пиперка и промешајте. Потоа додадете ги тестенините и пирето од компири, сол или вегета и добро измешајте.