Имунитетот на оние кои биле заразени со Корона трае подолго отколку што се мислеше: Нови, охрабрувачки податоци за времетраењето на антителата

popara12 февруари, 20211min0
koronavirus-5

Ново истражување во Италија дава охрабрувачки податоци!

Сè уште не знаеме колку трае имунитетот по вакцинирањето против Ковид-19, но сигурно знаеме дека оние кои ја прележале инфекцијата се заштитени, имуни меѓу девет и 10 месеци, изјави познатиот италијански вируолог Андреа Крисанти.

Според него, оваа информација е добиена во истражување спроведено меѓу жителите на општината во регионот Венето, каде што на 21 март минатата година беше идентификуван првиот случај на инфекција со Ковид-19 во Италија.

Професорот Крисанти вели дека откриле дека луѓето кои се заразиле со инфекција во првиот бран на пандемијата, а потоа стапиле во контакт со заразени лица кои се разболеле во вториот бран, не само што не се заразиле, туку било откриено дека развиле уште повеќе антитела .

„Значи, имунитетот на оние кои имале инфекција трае најмалку девет месеци, а многу веројатно и подолго“, заклучи Крисанти.

Професорот Андреа Крисанти стана познат по својата анти-ковидна стратегија, која штотуку беше спроведена во општината Венето.

Тој предложи, а тоа беше направено на тој начин, да се изврши масовно тестирање на популацијата, и да не се чека да се појават првите симптоми на инфекцијата. Благодарение на тоа, Венето имаше релативно мал број на заразени и мртви во првиот бран на пандемијата во споредба со другите италијански региони.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag