Љубителите на путер од кикирики и чоколадо си дојдоа на свое! Оваа година Инстаграм беше преплавен со фотографии од рачно изработени слатки, а меѓу нив се издвојуваат украсни и фотогенични јајца направени од путер од кикирики и чоколадо.
Нема да ви треба печка или планина од состојки за да ги направите! Сè што ви треба е пет состојки, малку напор и имагинација. Можете да ги декорирате како што сакате; со бело, млечно или темно чоколадо, а подолу ви донесуваме рецепт и фотографии од готови чоколадни јајца од Инстаграм!
Состојки:
Количината е доволна за 15 јајца. Користете чаша од 2,5 дл.
1 чаша путер од кикирики
1/4 чаши јаворов сируп
1 лажичка екстракт од ванила
1 чаша бадемово брашно
1 чаша сецкано чоколадо
1 лажица растително масло
Подготовка:
- Во сад, користејќи дрвена лажица, измешајте путер од кикирики, јаворов сируп и екстракт од ванила.
- Потоа измешајте го тоа во брашното од бадем.
- Обликувајте го тестото во јајца и ставете ги на плех обложен со хартија за печење.
- Ставете ги во замрзнувач 30 минути.
- За глазурата, стопете ги чоколадото и маслото во микробранова печка.
- Откако ќе се стегнат јајцата, извадете ги од замрзнувачот и користете две вилушки за да го натопите секое јајце во стопената чоколада и вратете го назад во хартијата за печење или решетката за ладење.
- Ставете ги повторно во замрзнувач 15 минути. Можете да ги чувате во херметички затворен сад во замрзнувач до два месеци. Уживајте!
Погледнете го деталниот процес на производство на видеото.