Иако не е баш по бонтон, оваа навика може да ги олесни стресните ситуации и да ја подобри кондицијата.
Научниците од Универзитетот Рочестер пред неколку години спроведоа студија која го проучувала однесувањето, а еден од резултатите до кој дошле изненади многумина. Имено, тие велат дека сите високо интелигентни жени имаат една, не многу убава навика – многу пцујат!
Тоа е еден од начините на кои тие се смируваат во стресни ситуации и конфликти, и освен тоа, тие се повеќе склони да шетаат низ куќата голи и да јадат зачинета храна.
Друго истражување, спроведено од Универзитетот Кил, открило дека пцуењето има многу придобивки. Може, верувале или не, да ги подобри физичката форма и издржливоста, да ги зголеми концентрацијата и способностите додека работиме, пренесува Elle.