Ирена Спировска важи за една од најзгодните водителки, а сега проговори за пластичните операции: „Немам правено интервенции, немам вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки“

popara3 септември, 20212min0
irena

Водителката Ирена Спировска важи за една од најзгодните водителки на нејзините години, а се тоа благодарение на нејзината физичка активност.

Имено, добро е познато дека Ирена го обожава планирањето, па така често планинари, а природата е нејзин дом.

Водителката покрај и сите обврски, неодамна беше одмор во Албанија од каде што позираше во бикини  и ја покажа својата одлична фигура на која многумина може да и позавидат.

Во последните неколку години пластичните операции и корекции станаа тренд, па многу познати личности, млади девојки одат на естетски кореции корегирајќи го она што не им се допаѓа, и речиси сите наликуваат една на друга.

Водителката за женски магазин, проговори дали има правено интервеции на себе, дали нешто корегирала.

„-Немам правено никакви интервенции освен козметички третмани за одржување на нега на кожата на лицето на природна база. Немам дури ни вештачки исцртани веѓи, вештачки нокти, трепки…Секогаш ќе има некој со посензуални усни од нашите, со погусти трепки, со побујни гради, подолги нозе или потенка половина…Нема потреба да тежнееме кон идеални пропорции. Треба да научиме да уживаме во нашата уникатност, тоа нè прави да бидеме единствени. Колку порано го сфатат тоа младите девојки, толку подобро за нив“, вели Ирена за „женски магазин“.

Спировска вели дека одличната линија успеала да ја задржи благодарение на спортските активности и балансираната исхрана.

„-Ги сакам „outdoor“ спортските активности како кајакарење, возење велосипед, параглајдинг но планинарењето отсекогаш било на врвот на листата.Највисокиот врв на кој досега сум била е Мусала кој со своите 2925 мнв е највисокиот врв на Балканот“, вели водителката.

Таа е активна на социјалните мрежи и секогаш кога некаде ке планирани добива еден куп комплимети.


Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma