Ако не го кречите вашиот дом редовно, sидовите со текот на времето ќе добијат сив тон, па дури и жолтеникава боја, но не грижете се, постои решение за овој проблем.
Наместо да купите канта боја и цела опрема потребна за освежување на просторијата, обидете се прво да ги исчистите.
Измешајте вода, сода бикарбона и многу средства за дезинфекција во еден сад. Потопете го валјакот за фарбање на ѕидови во течноста и премачкајте ја целата површина. Доколку е потребно, повторете ја постапката.
Освен што ќе бидат како нови, sидовите ќе мирисаат одлично, и како што тврди авторот на овој рецепт, докажано е и дека ги отстранува дамките од боички и фломастери направени од деца, пишува “The Sun”.