
Дали некогаш ви паднало на памет дека диетата може да влијае на подобрување на помнењето?
Губењето на меморијата може да се случи на која било возраст, но сепак е познато дека постарите луѓе често имаат проблем со посиромашна меморија и заборавање.
Медитеранската диета често се поврзува со долг живот, здравје на дигестивниот тракт, па дури и расположение.
Според студијата објавена во списанието Експериментална геронтологија, медитеранската диета влијае и на когнитивната функција на мозокот, односно меморијата.

Друга студија спроведена на Универзитетот во Единбург во Шкотска покажа дека постои поврзаност помеѓу навиките во исхраната, начинот на размислување и здравјето на мозокот кај постарите луѓе. Во истражувањето учествувале повеќе од 500 луѓе постари од 79 години кои немале никакви болести (како деменција и слично). Тие одговориле на прашања поврзани со нивната исхрана, а 358 од нив биле и на магнетна резонанца за да можат истражувачите да ја утврдат нивната структура на мозокот.

Научниците открија дека придржувањето кон одредена диета може и влијае на острината на умот. Една од истражувачите, Џејн Корли, укажува на најсилните фактори поврзани со когнитивната функција во мозокот: „Зелениот зеленчук и црвеното месо се два клучни елементи кои придонесуваат за придобивките од медитеранската диета“.

Таа исто така истакнува дека ова истражување не покажало поврзаност помеѓу здравјето на мозокот и исхраната, што значи дека диетата нема никакво влијание врз структурата на мозокот. Врската што ја утврдија истражувачите е онаа што постои помеѓу начинот на исхрана и меморијата, односно когнитивната функција.
Оваа диета, покрај црвено месо и зелен лиснат зеленчук, вклучува внес на свежо овошје, како и многу здрави масти и извори на протеини без маснотии.