ИСТРЧА ГОЛ НА ТЕРЕНОТ И ЗАРАБОТИ 375.000 ДОЛАРИ: Разработи цел план, а најголем проблем му беа гаќите!

popara12 февруари, 20211min0
Florida News - February 8, 2021

Ликот кој трчаше на стадионот за време на американскиот Superbowl во розово монокини се чини дека имал јасна пресметка, а како што стојат работите сега за сега, тој е побогат за 375.000 долари

Јуриј Андраде упадна на теренот, поради што најгледаниот спортски настан во САД беше накратко и прекинат викендов

Технички, тој не се обложил

Како што објасни за Wild 94.1, тој видел како онлајн обложувалница нуди облог со коефициент од 7,5, односно за 100 долари уплатени, добивате 750, ако да се појавите голи на Superbowl. Тој ги повика сите што знаеше да се обложат дека некој ќе истрча на теренот, купи билети и зеде пријател со себе да служи како мамка за обезбедувањето. Кога пријателот го привлече обезбедувањето кон себе, тој ја искористи можноста и истрча на теренот. На крајот, тој заработи 375.000 долари за неговиот подвиг.

Се разбира, на крајот на краиштата, тој беше уапсен и обвинет за неовластено влегување во приватен имот, но го отфрли ова како неважно. „Најлошото за мене беше што цело време додека бев во полициска станица не можев да ги извадам гаќите од задникот затоа што рацете ми беа врзани лисици“, се сеќава тој.

Останува прашањето колку е легално, и колку обложувалницата ќе биде подготвена да ги исплати парите на некој што самиот го сменил исходот, но факт е дека, технички, не се обложил тој, туку неговите пријатели и познаници.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma