Принцезата Шарлин од Монако, сопругата на принцот Алберт, се уште е во Јужна Африка, а најновите вести за неа ги загрижија Европејците. Според странските медиуми, таа се онесвестила поради компликации предизвикани од инфекцијата.
Откако итно беше префрлена во болница, нејзината состојба сега е стабилна. Шарлин од Монако беше примена во болница под псевдоним, откако прво и беше дадена брза помош, а фондацијата што го носи нејзиното име даде официјална изјава.
„Нејзиното височество, принцезата Шарлин од Монако, итно беше пренесена во болница во средата навечер по колапсот предизвикан од компликации по тешката инфекција на увото, носот и грлото, која таа ја доби во мај. Докторскиот тим ја прегледа, но потврдија дека нејзината состојба е стабилна.“
„Најнесреќната европска принцеза“ не е видена во Монако од јануари, и таа со месеци престојува во својата татковина.
Поради неколкумесечната разделба од нејзиниот сопруг и нивните деца Габриела и Жак, европските медиуми почнаа да шпекулираат дека принцезата не се враќа дома и дека бракот со Алберт Втори завршил, иако нејзиниот сопруг и децата неодамна ја посетија во Јужна Африка. Фотографиите на кои Шарлин изгледа пијана веднаш привлекоа внимание, и додека многумина се загрижени за нејзината мистериозна болест, други мислат дека таа е само несреќна до срж.