ИЗБЕГНУВАЈТЕ ВАКОВ ДОМАТ: Еве како ќе знаете кој плод е ЗДРАВ, зрел и добар за јадење

popara3 август, 20211min0
profimedia-0624821593_0

Обрнете внимание на овие детали кога купувате.

Сега е сезона на разни овошја и зеленчуци, и секоја домаќинка сака да има вкусна салата и овошје за освежување на својата трпеза. Пазарите се полни и изборот е голем, но како да се препознаат овошјето и зеленчукот што не се прскани, конкретно како да се изберат домати.

Искусните домаќинки точно знаат кое овошје да го изберат и кои тезги имаат здраво овошје и зеленчук.

pranje salate

Кога станува збор за доматите, секогаш избирајте ги оние што се вовлечени или рамни на дното, никако шилести и со оформена чушка, освен ако не станува збор за посебна сорта.

Погледнете ги плодовите кои не се исти, пожелно е тие да имаат некаков фелер, бразда, итн., тоа е знак дека доматот е природен. Можете исто така да препознаете добар домат по неговиот мирис, често има силен мирис на земја. Ќе знаете колку е зрел кога ќе го допирате, премногу цврста мембрана покажува дека не е зрел.

Доматите што е добро да се јадат имаат брчки, се малку асиметрични и со различни димензии. Плодовите никогаш не можат да бидат исти и да изгледаат како да излегле од фабричка лента. Знак дека доматот е свежо набран се лисјата што стојат до дршката со жолтеникаво-кафеава боја.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma