Ќерката на познатиот музичар, Ози Озборн, Кели (37) по драстичното слабеење изгледа решила да го промени и личниот опис.
Со години ја нарекуваа „грдо пајче“, а се чини дека тие критики лошо се одразиле на неа поради физичката состојба, па откако ослабела решила да поработи и на лицето.
Се шпекулира дека Кели редовно оди на клиниката за пластична хирургија и дека досега ги корегирала усните, јаготките, ги затегнала очните капаци, вбризгувала филери за да добие поостри линии на лицето, а обожавателите веруваат дека ништо од тоа не ѝ требало.
Сега ѝ кажуваат дека сега изгледа како секоја друга жена која направила естетски зафати, додека таа тврди дека никогаш немала естетска корекција и дека промените на нејзиното лице се резултат на драстично слабеење.
Погледнете ги фотографиите, па проценете сами кој е во право:
„Не разбирам зошто толку млада девојка треба целосно да го промени личниот опис. Беше фина пред операцијата, воопшто не ми се допаѓа нејзиниот нов изглед.“ „Естетските корекции се за да ве разубават, а таа претера“, „Ти си сосема друга личност“, се само дел од коментарите кои се направени во последните неколку дена под објавите на нејзиниот Инстаграм профил.