Волшебната пејачка и актерка се прошета низ популарното летувалиште Хамптонс и помина време на шопинг со својата сестра Линда, привлекувајќи го вниманието со одличен летен фустан чиј крој е голем тренд оваа сезона.
И, додека медиумите зујат за нејзината ново обновена врска со актерот Бен Афлек, Џенифер Лопез никогаш не била посреќна, а доказ за тоа е и снимката од парот кој неодамна беше уловен како разменуваат жешки бакнежи, а потоа и на романтична прошетка. Сепак, овој пат Џенифер го помина слободниот ден без Бен и отиде на шопинг со нејзината сестра Линда, која е исто така нејзин менаџер и пријател. Шетајќи по улиците на источните Хемптонс, таа го привлече вниманието со одличниот летен стајлинг.
Лежерниот летен фустан од популарниот макси крој и одговараше совршено, а длабокото V-деколте привлече внимание на деколтето. Белиот фустан украсен со жолт отпечаток и деликатна тантела имаше и два детали многу популарни оваа сезона – карнери на ракавите и смок-крој на фустанот, кој се карактеризира со зашиени карнери кои се многу ласкави за фигурата.
Многу шик стајлингот е надополнет со трендовски сандали со тенки ремени. Имено, овој модел, наречен танга сандали, е еден од најголемите пролетни и летни трендови, а многумина предвидуваат дека ќе биде многу популарен и следната година. Без разлика дали станува збор за класични флип апостолки или танга сандали на петицата, овој минималистички дизајн се вклопува во модата од 90-тите, што е многу тренди оваа сезона и го носат популарни дами како Кејт Хадсон, Мерил Стрип, Ким Кардашијан и Габриел Јунион.