Изгуби импресивни 30 килограми, но на многумина им се чини дека се нешто повеќе од тоа! Дали е ова нејзиното најтенко издание? (ФОТО)

popara31 мај, 20215min0
Screenshot_7

Ребел Вилсон ја прогласи 2020 година за година на здравјето, а се чини дека актерката изгубила повеќе од 30 килограми за кои зборувала.

Актерката Ребел Вилсон минатата година ја прогласи за година на здравјето и беше на строг режим на исхрана, а резултатите гордо ги покажува од ден на ден. Таа рече дека ослабела 30 килограми, но според последните фотографии се чини дека ослабела уште повеќе. 41-годишната актерка објави неколку фотографии од приватен авион на Instagram на кои позира во тесна црна комбинација и го истакнува тесниот струк.

„Благодарност до Грифин што ги направи овие фотографии откако брзо се пресоблеков“, напиша актерката во описот на фотографиите под кои доби бројни комплименти. Минатиот викенд беше на одмор со пријатели во Флорида и ги документираше сите детали од патувањето.

Ребел често во интервјуата го споменуваше режимот под кој се наоѓаше и рече дека се навикнала на својот нов начин на живот. Таа напорно вежба секое утро, внимава на исхраната и се грижи за своето тело. „Сега тоа е мојот живот“, кратко рече таа неодамна. Тренерот Јоно Кастано е заслужен за неверојатната трансформација на актерката, а тој ја откри и тајната на нејзината диета. Вели дека Ребел успеала да направи забава од вежбањето, а причината што ја постигнала својата годишна цел е всушност – смеа.

На почетокот на февруари, актерката раскина со своето 11-години помладо момче Џејкоб Буш, наследник на компанијата за производство на пиво Anheuser-Busch. Веста за раскинувањето по нешто повеќе од една година од врската ја потврди извор близок на Ребел, но не ја откри причината.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma