Започнете ги речениците со „Се чувствувам“ наместо „Мислам“. Ова може да изгледа чудно на почетокот, но тоа е добар пат до неговото срце. Дозволете си да ја почувствувате секоја емоција, дури и ако не е интересна или пријатна.
Ако некогаш некој маж ви кажал дека сте одлична пријателка, но дека тој не чувствува ништо повеќе од тоа кон вас, тоа може да биде затоа што совршено се поврзувате со интелектот на мажот, но не правите ништо што би предизвикало страст во неговото срце. Вие всушност се плашите да ги покажете вашите вистински чувства затоа што не сакате некој повторно да ве повреди и таквиот страв ве спречува емотивно да се поврзете со некој маж.
За да излезете од „зоната на пријатели“ и да разбудите чувства кај мажот, направете ги овие три чекори:
1. Престанете да анализирате и да бидете опсесивни
Ените веруваат дека мажите се плашат да ги изразат своите чувства. Всушност, она што мажите не можат да го поднесат е „драма“ и тие паѓаат на колена кога ќе сретнат жена која, кога ќе почувствува некоја хемија, може да ја комуницира на неосудувачки, некритички и ранлив начин.
Дозволете си да ја почувствувате секоја емоција, дури и ако не е интересна или пријатна. Кога ќе престанете да анализирате зошто и едноставно ќе се препуштите, ќе се чувствувате поцелосни и поживи и автоматски ќе бидете попривлечни за секој маж.
2. Излезете од вашата глава и влезете во чувствата
Какви се вашите разговори со мажот? Ако сте главно „во главата“, веројатно изнесувате многу мислења и факти за нештата, и тоа не е многу романтично. Мислењата се добри за повремени разговори со пријатели, но тие не прават ништо за да го натераат мажот да се за љуби во вас.
Наместо тоа, забележете како се чувствувате за работите што ви се случуваат во текот на денот. Секогаш кога ќе се фатите изгубени во мислите, списоците за работи или мислења, вратете се на она што го чувствувате во тој момент.
3. Користете го изразот „Се чувствувам“, а не „Мислам …“
Зборувајте од вашите чувства. Започнете ги речениците со „Се чувствувам“ наместо „Мислам“. Ова може да изгледа чудно на почетокот затоа што може да се плашите дека ако го направите тоа, мажот ќе помисли дека сте глупави, премногу чувствителни или дека ќе го исплашите. Но, всушност е сосема спротивно.
Колку повеќе сте во можност да ги споделите вашите емоции во присуство на маж, без да влезете во драмата и да му кажете што не е во ред со него, толку повеќе тој ќе сака да се доближи до вас.
Најдобар начин да му помогнете на мажот да се поврзе со неговата нежна и емотивна страна е да знаете како се чувствувате во секое време, а потоа да му кажете јасно и искрено. Имено, кога ќе започнете да се поврзувате со неговото срце на овој начин, тој автоматски ќе биде понежен и подобар кон вас. А можеби тој дури и почнува да споделува со вас она што го чувствува.