Рамен стомак и цврсти стомачни мускули се сон на секоја жена, а ние знаеме како да го добиеме стомакот од вашите соништа во најкус рок. Дали сте слушнале за вакуум вежби?
Овој тип на вежбање станува се попопуларен и има насочен ефект врз стомачните мускули. Тие не влијаат на согорување на калории, туку ги затегнуваат мускулите, а со тоа се постигнува изглед повеќе во облик на вретено. Колку се стегнати мускулите, толку е потенка половината.
Многу Јутјубери ја пробаа оваа вежба и ги снимија нивните резултати, вклучувајќи ја и оваа девојка. Таа ги правеше вежбите вакуум 7 дена и крајниот резултат е 1 инч помалку во обемот, што е околу 2,5 см.
Тајната на оваа вежба не може да биде поедноставна – само треба да дишете правилно. Во оваа вежба, дишењето ги активира и зајакнува најдлабоките стомачни мускули, така што едноставно правите контракции.
Погледнете во видеото како правилно да ја изведете оваа вежба:
- Вдишете, потоа издишете длабоко и повлечете го стомакот толку силно како да сакате да го „залепите“ папокот за ‘рбетот. Колку повеќе ќе го повлечете стомакот, толку посилна ќе биде контракцијата и ефективноста на ова движење.
- Држете го повлечениот стомак 15 секунди за почеток, и додека напредувате, продолжете го времетраењето на стискањето до 60 секунди, земајќи плитки вдишувања по потреба. Повторете 3 до 5 пати.
- Кога сте подготвени за потешката верзија на „вшмукување“ на стомакот, направете ја вежбата со клекнување на колената и дланките, седејќи директно на стол или на пилатес топка.
- По извесно вежбање, ќе можете да го држите стомакот „набиен“ додека седите или стоите во текот на денот.
Ако правилно и редовно ја изведувате оваа вежба, јадете здраво и правите вообичаен тренинг, ќе ги видите и почувствувате резултатите за една недела, велат експертите, и оваа девојка е убедена во тоа. Погледнете: