Ја сметаа за најгласната „ заколната антиваксерка“, а Миа Костова сепак се боцна, додека „најизолираниот“ – Боки 13, фати корона и во затвор (ФОТО)

popara30 август, 20212min0
mia

Животот навистина нема правила… Непредвидлив е како и овој проклет „фабрикуван“ вирус кој ја запоседна и загосподари со планетава… Теории на заговор, научни тези, шпекулации, докази… колу сакаш, а од друга страна милиони заразени и починати. Здравственото, психолошко, економско… лудило секојдневно не притиска и мачи сите нас. Секој зазема своја страна и секој е право за себе и своите истомисленици и „ненорнмален“, антиваксер, „државен непријател“ за оние што мислат спротивно… Во главном светот се подели на два пати по две групи: зразени и здрави, односно, вакцинирани и невакцинирани!

Миа Костова една од најгласните, а со тоа и најекспонираните јавни личности во „корона приказната“ кај нас. За едни „заколната антиваксерка“, за други со право загрижена жена и мајка, за трети инфлуиенсерка што само си прави реклама за поголема популарниост и заработка од она што го рекламира на социјалните мрежи, односно на Инстаграм.

И додека „се кршеа копјата“ за тоа кој е во право, едните, другите или третите, ТИЕ или ТАА, Миа или Филипче, нејзините коментари или оние на партиските ботови и подлизурковци, русокосата водителка и инфлуенсер, реши да пресече.

Миа Костова пред два дена (сепак) се вакцинираше. За да им ја „затне устата на сите“, но веројатно најмногу заради сопственото здравје, здравјето на своето дете, најблиските…

Имено таа сподели фотографија на својот Фејсбук профил како прима вакцина. Која, не појасни, но јасно е како ден дека сега Миа е вакцинирана.

„Бидна. Џабе лаев. Шо би рекле овие од инбокс ‘ќе ја стаиш и ќе пееш’ Еве. У право биле“ – напиша таа покрај „корпус деликти“ фотографијата на која се сликала „тукушто боцната“!

Од друга страна пак, изолацијата, карантинот,  контактите сведени на минимум ни ги „натураа“ како мерки на заштита, како превенција, можно решение за што помалку ширење на вирусот… Арно ама, бројни примери пикажаа дека не е баш така. Од оние, кои биле позитивни и спиеле во иста брачна постела со својот сопруг или сопруга, а нивниот животен сопатник сепак не се заразил, до оние кои ни до маркет не отишле, а сепак се заразиле. Или што би рекле се’ е до имунитетот, до Божјата волја, склопот на околности… како сакате?!

Најновиот пример на јавна личност која „не лежи со партнерот“ во иста постела, ама затоа лежи со цимерот во иста келија е Бојан Јовановски – Боки 13-ка!

Бојан Јовановски е позитивен на Ковид-19, објавија медиумите.

Тој пред неколку дена се пожалил на нарушена здравствена состојба и веднаш му бил направен тест кој излегол позитивен. Покрај Јовановски, позитивен е и неговиот цимер во затворот во Идризово. Поради специфичната ситуација и двајцата се ставени во изолација.

Веста дека Боки е позитивен ја потврдил и неговиот адвокат Сашо Дукоски. Тој вели дека неговиот штитеник и онака е во лоша состојба и оти ова дополнително ќе влијае на неговото нарушено здравје. Не се знае како Јовановски фатил корона, а тоа најверојатно се случило со мешање со останатите затвореници… Или само со цимерот?

Како и да е, прашање за власта, за Заев, Филипче, Комисијата за заразни болести, директорот на Идризово… Зошто сите затворенеци не се „заштитени“ со вакцина, ако веќе толку се инсистира тоа да го направат здравствените и просветните работници и многу други граѓани, ако невакцинираните се третираат како „шугави“ без можност за пристап на многу места, а прележаните се на „дозирана слобода на движење“ од 45 дена по оздравувањето? Ало, Влада, Шутка, Идризово… се слушаме ли?

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma