Благодарение на оваа вежба, жените од Јапонија имаат толку сјајна и мазна кожа и лице без брчки.
Шиацу е една од наједноставните масажи што секој може да ја примени на себе, и носи големи придобивки за здравјето и убавината.
Освен што е „лековита“, оваа техника има и превентивно влијание врз бројни заболувања и состојби. Без разлика дали прибегнувате кон шиацу масажа за да го ослободите стресот или болката во зглобовите или да се подмладите, неверојатно е колку е ефективна.
Никој не избегал од староста, брчките се природна појава, но тоа не значи дека не можете да се обидете да ги ублажите и спречите. Вежбата што јапонските жени редовно ја практикуваат трае само 60 секунди и ќе ви помогне бесплатно да се ослободите од брчките и да ја направите кожата посвежа и посјајна.
Кожата под очите е многу тенка, што значи дека, во однос на остатокот од телото, порано ќе го изгуби тонусот и ќе се појават првите знаци на стареењето – брчките. Шиацу може да помогне во „подмладување“ на оваа област и да направи кожата да изгледа затегната и многу посвежа.
Она што треба да направите е да ги поставите јаболчниците на кажипрстот, средниот и домалиот прст на коската веднаш под окото (црвените точки на сликата), а масажата е многу едноставна – лесно притиснете и задржете 10 секунди. Потоа тргнете ги рацете. Повторете ја вежбата уште два пати.
Оваа бесплатна техника е исклучително ефикасна, а оние што ја практикувале велат дека резултатите се видливи многу брзо, за еден месец.