Фан страниците на Јелена беа преплавени со слики од актерката и неа, кои пејачката ги сподели на својата Инста-приказна.
Поп-sвездата Јелена Карлеуша неодамна патуваше со приватен авион до Охрид, каде имаше настап, а по тој повод се одлучи за жолт летен фустан. Бум се случи во моментот кога колумбиската актерка Софија Вергара објави фотографија на која носи ист фустан како Јелена.
Имено, и двете sвезди носеа фустан од марката „Версаче“, кој, според официјалната веб-страница на тој бренд, чини повеќе од 1.300 евра.
Фан страниците на Јелена беа преплавени со слики од актерката и неа, кои пејачката ги сподели на својата Инста-приказна.
„Јелена Карлеуша и Софија Вергара во ист фустан на ист ден!“, беше напишано во коментарите на Инстаграм.
После тоа, се водеше вистинска дискусија за тоа дали фустанот повеќе и стои на пејачката или на светската sвезда, и како тие две изгледаа во него, видете во галеријата:
Да се потсетиме, ЈК неодамна ги воодушеви обожавателите во зелен фустан, кој ги засени сите на настан во центарот на Белград.
Иако сандалите што ги носеше во тоа време чинеа 805 долари, фустанот не беше скап. Имено, како што тогаш рече Јелена, цената на тој зелен фустан е 20 евра, со што се потврдува она што го истакнуваше подолго време, а тоа е дека цената не ја диктира модата.