КАФЕ И ЧАЈ МОЖЕТЕ ДА ПИЕТЕ УМЕРЕНО, НО ОВОЈ ПИЈАЛОК НИКАКО: Што строго треба да избегнувате кога температурите се високи?

popara11 август, 20211min0
napitak-shutterstock_679165906

Тропските денови продолжуваат, па затоа е клучно да се грижиме за нашето здравје.

Кога температурата е висока, обично имаме намален апетит, а нутриционистите тврдат дека доматот е идеална намирница во тропски околности.

Лекарите советуваат дека е важно да се избегнува солена храна, а особено алкохолните пијалоци. Алкохолот е вазодилататор, што значи дека ги проширува крвните садови. Со проширување на крвните садови, температурата на телото се зголемува побрзо, што ќе направида ни биде уште потопло. Може да дојде и до дехидратација.

“Колку е повисока температурата на воздухот, толку е поопасно да се консумира алкохол бидејќи предизвикува дехидратација, односно исфрлање на течности од телото. Дехидратацијата може да предизвика несакани ефекти како што се главоболки и грчеви во мускулите, но може да предизвика и сериозни здравствени проблеми како што се топлотен удар. Пијте многу течности, обидете се да не бидете под директна сончева светлина, шетајте рано наутро и доцна навечер“, тврди докторката Ана Кореневиќ и додава дека одредени лекови може да предизвикаат оток доколку се земаат во топло време.

Нутриционистите советуваат претпазливост при внесување на кофеин и газирани пијалоци. Тие посочуваат дека кафето и чајот може да се пијат на топло време, но умерено, со доволен внес на вода.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma