Без печење
Состојки:
Крем – 500 мл
Темно чоколадо – 200 гр
Какао – 20 гр
Бисквити – 300 гр
Кафе – 100 мл
Подготовка:
Натопете ги бисквитите во кафето и наредете ги во калапот. Истурете го стопеното чоколадо во кремот (слатка павлака) и промешајте. Ставете го во микробранова печка 2 минути и потоа изматете со миксер додека не се згусне убаво, премачкајте ја смесата преку бисквитите, а потоа наредете уште еден слој и премачкајте со смесата. Повторувајте ја постапката додека имате материјал.
Големина на калапот 27 см x 8 см.
Оставете да се излади 2 часа.
На здравје!