Кајли нема ни трага од волшебни облини, па беше критикувана дека претерува со Фотошоп
Најмладата милијардерка на светот, Кајли Џенер, предизвика лавина реакции со своите нови папарацо фотографии, а сите коментираат дека таа не изгледа ниту близу до личноста од Инстаграм.
Кајли беше фотографирана кога пристигна во ресторанот каде вечераше со една пријателка, а по тој повод носеше широки светли фармерки, сребрена маица која ја комбинираше со исто така сребрени сандали и мала чанта во истата нијанса.
Кога заблескаа „блицевите“, Кајли се обиде да го покрие лицето со раката, а на сите во око им западна нејзината фигура и изглед во комбинација што не ги истакнува нејзините атрибути, туку делува како да не постојат.
На фотографиите Кајли нема ни трага од волшебните облини, а многумина забележаа дека изгледа како нејзиниот огромен задник да е „издишан“, па беше критикувана дека претерала со Фотошоп.
„Никој не и рече дека ги заборавила облините и задникот дома?“, „Каде е Кајли Џенер од Инстаграм?“, „Таа воопшто не личи на себе, во секој случај е симпатична, но, каква разлика“, „Вака изгледа кога ќе ја нарачате Кајли Џенер преку Интернет врз основа на сликата“,„ Нејзиниот задник е издишан“,„ Ми изгледа одлично, девојката е во поширока гардероба, соберете се “, се некои од коментарите.
Да се потсетиме, Кајли неодамна донираше 500.000 долари на детската болница Монро Карел Џуниор во Вандербилт во близина на Нешвил, Тенеси, и парите се да се изгради простор за пациенти, поточно деца со рак, а просторот ќе се вика “Hey I’m Here For You Teen Lounge”.
Како изгледа Кајли Џенер на папарацо фотографиите без Фотошоп, и како на Инстаграм, видете во галеријата подолу, па споредете.