Една нова студија од Националниот институт за здравство (NIH) сугерира дека спиењето во ладна соба согорува повеќе калории
Експертите наведуваат дека ладна соба, со максимални 18 степени Целзиусови, може да биде погодна за добар сон, но и за слабеење за време на истиот. Сепак, тоа не е доволно за да согорите вишок килограми за време на осумчасовниот сон. Еве што друго може да помогне:
Дури и мал пад на собна температура му помага на телото да „согори калории и да се ослободи од вишокот шеќер во крвта“, вели д -р Франческо Кели, од Универзитетот во Вирџинија.
Не е доволно што температурата во просторијата каде што спиете е ниска, исто така треба да бидете изложени на таа ниска температура. На пример, ако го исклучите греењето во текот на зимата и се „нурнете“ под куп ќебиња – ништо не сте постигнале. Затоа, се препорачува, покрај спиењето во ладна соба, да облечете тенки пижами и да се покриете со тенко ќебе. На овој начин, вашето тело ќе биде директно изложено на пониската температура, што значи дека ќе согорите повеќе калории за време на спиењето.
Исто така, многу е важно во текот на 7 или 8 часа спиење, да имате најмалку 3 часа длабок сон. Длабокиот сон е најважната фаза на спиење за време на која вашето тело се опоравува и го зајакнува имунолошкиот систем. Колку подолг е длабокиот сон, толку подобро ќе се чувствувате наутро. Научните истражувања велат дека длабокиот сон може да се постигне со одредени звуци.
„Белата бучава“ како што е звукот на правосмукалка или фен за коса придонесува за подобар сон и побрзо постигнување длабок сон.
За да согорите што е можно повеќе калории додека губите тежина, најдобро би било да си легнете порано. На овој начин ќе ги избегнете ноќните грицки, но и ќе му го дадете на телото потребниот одмор.
Луѓето кои спијат од 7 до 8 часа, немаат изразена желба за слатка и масна храна, за разлика од оние кои прибегнуваат кон оваа храна за да го надоместат телото за загубената енергија од лош и недоволен сон.
Значи, да резимираме:
- Спијте во постудена просторија
- Покријте се со потенко ќебе
- Одете во кревет порано
- Заспијте си длабоко
И килограмите ќе почнат да се топат додека спиете!