И сексот може да биде одличен вид физичка активност
Многумина сметаат дека сексот е некаква физичка активност. Сепак, сексот дефинитивно не е вид на вежба, но на некој начин може да влијае на потрошувачката на калории во некоја намалена форма.
Спроведени се неколку студии кои го следеле трошењето на енергијата за време на вежбање и сексуални активности. Резултатите покажале дека мажите губат 4,2 калории за време на една минута секс, а жената губи 3,1 калории во минута. За време на целото времетраење на сексот, кое во оваа студија беше дваесет и пет минути, маж троши вкупно 101 калорија, а жена 69.
Како да согорите што повеќе калории за време на сексот?
Една од најдобрите опции е да го направите сексуалниот однос подолг, што значи да трае подолго отколку вообичаено. Покрај тоа, колку е потопла просторијата, толку повеќе ќе се потите и во исто време ќе потрошите дополнителни калории. Не двоумете се да пробате различни пози бидејќи токму позите влијаат на тоа колку калории согорувате.
Со сето тоа, не заборавајте за придобивките што ги дава сексот. Истражувањата покажаа дека мажите кои имале секс најмалку двапати неделно имаат помала веројатност да развијат срцеви заболувања во споредба со мажите кои имале секс само еднаш месечно. (Прочитајте: 5 апликации за да го зачините вашиот сексуален живот и да се забавувате)
Покрај тоа, тука е важно да се спомене дека сексот го ублажува стресот и обезбедува подобар сон, релаксација и обезбедува можност за постигнување пријатни чувства.