Како да спречиме и да се решиме од НАДУЕНОСТ? 5 нутриционистички совети за спречување на непријатноста (особено преку лето)!

popara16 август, 20211min0
326204_nadutost-shutterstock-1826474327_ff

Бидејќи повеќе се потиме во жешките летни денови, ги губиме потребните електролити и вода во тој процес. Кога нашето тело се потпира на преостанатите резерви, има замор, вртоглавица, но и надуеност. Нутриционистот Стефани Пападакис тврди дека топлината води до дехидрација, што исто така доведува до надуеност.

Таа и нејзините колеги советуваат како да ги спречите и намалите овие симптоми:

Хидратација

Пијте вода редовно! Иако веројатно нема да пиете вода кога сте подуени, не заборавајте за тоа. Погледнете кои пијалоци, покрај водата, се одлични за снабдување на телото со потребните витамини и минерали, а исто така и не хидрираат.

Внимавајте што јадете

Треба да избегнувате храна богата со растителни влакна, како што се карфиол, мешунки, но и пијалоци кои содржат кофеин, газирани и алкохолни пијалоци.

Не јадете готова храна

Замрзнатите готови јадења содржат многу конзерванси и сол, а тие, како и храна полна со шеќер, создаваат чувство на подуеност.

Нетолеранција на лактоза

Кога јадете млечни производи, а ви пречи лактоза, се создава чувство на подуеност, кое може да биде многу интензивно. Затоа отстранете го сирењето, млекото, сладоледот од вашата исхрана и заменете го со растителна храна.

Стрес

Не само храната, туку и стресот влијае на надуеност.

“Анксиозноста и стресот се поврзани со варењето на храната, па честопати емоциите се рефлектираат во него. Луѓето навистина чувствуваат болка и надуеност, но тоа нема никаква врска со храната што ја јадат. Понекогаш тоа води до дијареа или запек. За да го избегнете тоа, мораме да најдеме начин како да се ослободиме од стресот, а најдобрата опција е да тренираме “, вели нутриционистката Емили Роласон.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma