КАКО ЈАЈЦЕ НА ЈАЈЦЕТО: Синот на Џони Деп израсна во вистинска копија на тато

9 мај, 2021
0987654345678

Со поранешната сопруга, француската пејачка и актерка Ванеса Паради, холивудскиот актер Џони Деп има две деца, ќерката Лили-Роуз и синот Џек. И додека 21-годишната ќерка на поранешната холивудска двојка е многу позната во светот на шоу-бизнисот, истото не може да се каже за нивниот син Џек, кој неодамна наполни 19 години.

Но, судејќи според последната фотографија која кружи на социјалните мрежи, Џек изгледа дека сè повеќе личи на неговиот татко. ‘Моето момче Џек отсекогаш бил многу талентиран карикатурист. Има добро чувство за музика и свири на неколку инструменти. Освен во училишни претстави, тој не покажа желба да стане актер “, изјави неговиот татко пред Ролинг Стоун пред две години.

Младиот човек нема ни профил на социјалните мрежи, а фотографии со него понекогаш објавуваат сестрата Лили-Роуз и девојката Камила. Инаку, Камила привлекува внимание со своите разголени фотографии. Џек беше во центарот на вниманието пред две години кога неговите родители ги откажаа сите официјални обврски поради неговата сериозна здравствена состојба. Никогаш не открија за што точно станува збор.

escort - Korsan taksi