Како полесно да постигнете оргазам? Три едноставни трикови за жени

popara6 мај, 20212min0
dreamstime-l-207262643

Многу жени имаат потешкотии во постигнувањето оргазам, особено со партнерот а за да си помогнете во постигнувањето оргазам, испробајте ги овие три едноставни трикови

Иако не постои совршена равенка за оргазам, постојат начини да се зголеми неговата веројатност.

Истражување спроведено на 2.300 жени на возраст меѓу 18 и 40 години открило дека само 57 проценти од жените доживуваат оргазам „поголемиот дел од времето или секој пат“, а 27 проценти рекле дека глумат оргазам за да престанат со сексот затоа што знаеле дека нема да доживејат оргазам.

– Општо, неможноста да се постигне оргазам се јавува поради недостаток на стимулација на клиторисот, инхибитори како што се вознемиреност и негативна слика за вашето тело или недостаток на самодоверба – изјави терапевтот Јан Кернер.

Соочувањето со овие пречки може да го исполни вашиот сексуален живот со оргазми. Еве три начини на кои можете да ги зголемите шансите за оргазам за време на сексот.

Стимулација на клиторисот

Dreamstime

За многу жени, вагиналната стимулација не е доволна за постигнување оргазам. Во истражувањето на Космополитен, само 15 проценти од жените изјавиле дека можат да достигнат оргазам само преку стимулација на вагината, додека 20 проценти рекле дека им треба и клиторична стимулација. 12 проценти од нив рекле дека им треба орален секс, а на 9 проценти од жените им се потребни рацете на партнерот за да постигнат оргазам.

„Многу жени велат дека не се возбудуваат доволно за време на предиграта“, вели Кернер, додавајќи дека стимулацијата на клиторисот како форма на предигра може да помогне.

Играње улоги

24sata

Ако сè уште имате проблем да се фокусирате на моментот, Кернер додава дека воведувањето неочекувани елементи може да спречи вашите мисли да лутаат на друго место.

Дури и ако не сте подготвени да глумите фантазии со вашиот партнер, едноставно опишувањето на нив може да биде доволно за да ве насочи кон постигнување оргазам.

Пофалете се

24sata

Друг начин да бидете присутни за време на сексот е да се чувствувате пријатно во вашето тело. Давајќи си ситни комплименти, можете да ја зголемите самодовербата и да го направите сексот подобар.

Студија од 2016 година открива дека жените кои имаат поголема самодоверба имаат поголема веројатност да доживеат оргазам. Вашата љубов кон себе нема да се зголеми преку ноќ, но практикувајќи вреднување на себе и вашето тело, со текот на времето може да ви помогне да ја зголемите возбудата за време на сексот.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma