Како завршила тука? Мистеријата на „исфрлената“ куќа на брегот за која се запалија социјалните мрежи!

popara15 август, 20216min0
62138791-plaza-salvador

На социјалните мрежи се шири видео снимка од напуштена вила на плажата Ла Пунтилја во Коста дел Сол во Ел Салвадор, која ја заплискува Тихиот Океан. Поради положбата на вилата, изгледа како да e исфрлена на брегот, што предизвика многу шпекулации кај коментаторите. Сите се прашуваат – како монументалната бетонска зграда заврши токму на ова место?

Климатските промени, лошата конструкција и вонземските интервенции се најчестите обиди да се открие оваа мистерија. Локалниот весник La Prensa Grafica, пак, објави дека најверојатно станува збор за хотелот Пуерто Вентура изграден на плажа за да ги натера своите гости да се чувствуваат што е можно поблиску до морето.

Наводно, хотелот бил оштетен од ураганот Мич уште во 1998 година, и оттогаш е напуштен и се распаѓа. Тоа било мала тајна за локалните жители, и благодарение на социјалните мрежи за многу кратко време стана добро познат факт меѓу љубителите на мистеријата.

Некои тврдат дека зградата е опседната и дека некој „висок човек“ ја опсадува ноќе. Сите овие приказни дополнително ја запалија фантазијата на љубопитните, па напуштената вила стана мини туристичка атракција на ова место, кое е приближно 75 километри од главниот град Ел Салвадор.

Иако предупредувањата се објавени на надворешните sидови, многумина ги игнорираат и се качуваат на дотраените скали во внатрешноста на полупотопената зграда за подобро да ја истражат. Ова дефинитивно не се препорачува да се направи. Количината на вода во внатрешноста на зградата, пак, зависи од времето од денот, односно плимата и осеката.

Дознајте во видеото на Јутјуб како изгледа мистериозна вила на плажата Ла Пунтилја во Ел Салвадор и зошто привлекува љубопитни туристи.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma