Веројатно се сеќавате колку во 2019 година медиумите ги поврзуваа Лејди Гага и Бредли Купер.
Сите се прашуваа како е неговата тогашна девојка Ирина Шајк, но без врева и помпа, тие двајца раскинаа набргу по озборувањата што го разбрануваа светот.
Сепак, тие сe уште, како и тогаш, се грижат за заедничкото дете Леа де Сен заедно.
Во новото интервју за списанието HIGHStyle, Ирина откри каква врска има Бредли со четиригодишнata Лea.
„Сaм ja одведе Леa на двонеделен одмор. Никогаш не морав да им се јавувам. Тој е многу посветен и снаодлив татко, и не му треба дадилка“ – започна убавата Русинка.
„Бредли и јас сме строги како нашите родители. Ние ја едуцираме постојано. Штом ќе заврши со јадењето, Леа станува, зема чинија и вели благодарам. Тој не доби ништо без молам и благодарам. Има многу играчки. Јас имав една кукла како дете, и се уште ја имам.“
Ирина додаде дека често го наведува ова како пример за своето дете, како и дека јадела слатки само за Божиќ.
Уште во март, таа откри на Ел дека Бредли и таа се рамноправни родители.
- Не го разбирам поимот поделено родителство. Кога сум со неа, јас сум 100% мајка, а Бредли е 100% татко кога е со неа.