Каков е тој и што чувствува? Омилената поза открива многу за еден маж

popara7 мај, 20212min0
dreamstime-m-154411231

Откријте која поза открива маж кој се плаши од интимност, а која им е омилена на оние кои се страствени и очајни да ја задоволат својата партнерка во сексот.

Кучешка поза

Д-р sc. Ава Кадел вели дека никогаш не сретнала маж на кој не му се допаѓа оваа поза. Многумина дури веруваат дека ова е најдобра позиција за секс. Мажот на кого ова му е омилена поза, го открива неговиот територијален анималистички инстинкт како да е крал на џунглата, вели експертот. Покрај тоа, тоа покажува дека крие страв од блискост и генерално не е премногу романтичен.

Во оваа поза, задоволството може да биде големо, но на штета на интимноста, тоа е поле каде има дефицит. За да го надоместите ова, менувајте ја позицијата од време на време, а најидеална за блискост е – поза лажица. Во оваа поза, сè уште влегувате од позади, но во исто време сте многу интимни – вашата партнерка нема да се чувствува како „парче месо“.

Мисионерска поза

Оваа поза може да се нарече класична, а ја сакаат мажи со традиционален начин на размислување кои се малку несигурни во себе. Затоа сакаат да ја гледаат својата партнерка во лице, да ги гледаат нејзините реакции и да добиваат одговор на прашањето – колку добри љубовници се. Исто така, покажува како сакаат да имаат контрола за време на сексот, вели д-р Ава Кадел, сексуална терапевтка од САД.

24sata

Бидејќи ова е позиција во која партнерите се многу близу до лицата, во сето ова постои одредена блискост.

– Романтично е, но не и авантуристичко. Нема ништо лошо во класичното водење љубов, но понекогаш треба да ја ‘истражите вашата дива страна’ – советува оваа експертка.

Таа вели дека проблем ако мажот (но и жената) може да доживее кулминација само во мисионерска позиција. Тогаш би било добро да поработите на репрограмирање на вашиот сексуален живот.

– Пробајте поза во која жената е горе. Оваа поза ги има истите квалитети како мисионерската, но во неа ќе мора да се откажете од желбата за контрола и малку да ги зачините работите – додаде таа.

Каубојка

Во оваа позиција, жената е над мажот и таа е таа што ја има целата контрола. Мажите кои ја сакаат оваа поза најверојатно мислат на задоволството на своите партнерки и тоа им е важно. Исто така, во исто време, тие покажуваат дека се сигурни во себе и кога се покорни, а во исто време се доминантни затоа што и овозможуваат на партнерката да постигне оргазам преку подлабоката пенетрација.

24sata

Кедел ги советува мажите да преземаат контрола од време на време, да ја ‘зграпчат’ својата партнерка и да ја сменат позата – таа навистина ќе го цени тоа и ќе се возбуди уште повеќе.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma