КАКОВ ГАФ НА ДРУ БАРИМОР: Таа случајно испратила видео од себе како се пресоблекува на 16-годишник

popara22 мај, 20216min0
Drew-Barrymore

Дру откри дека до недоразбирањето дошло затоа што таа и Дијаз „постојано се пресоблекувале една пред друга“

Американската актерка Дру Баримор (46) посакала да има копче за поништување на нејзиниот мобилен телефон кога случајно на еден тинејџер му испратила видео на кое се пресоблекува.

Имено, во своето “The Drew Barrymore Show“ откри сè за таа несреќа, пишува Пејџ Сикс.

„Мојата најдобра другарка е Камерон Дијаз и и испратив видео на кое се облекувам“, рече таа. „Но, излезе дека сум го испратила на шеснаесетгодишник по име Метју.“

Баримор рече дека симпатичното момче и ветило дека нема да го сподели видеото на социјалните мрежи. „Го имам твоето видео, но ветувам дека нема да го објавам никаде“, ѝ напишал тој.

Таа сподели уште една тајна

Дру откри дека недоразбирањето се случило затоа што таа и Дијаз „постојано се пресоблекувале една пред друга“. Иако дел од публиката беше шокиран, гостинката Џулијана Хоф коментираше: „Ја сакам таа приказна“.

„Навистина? Дрy ѝ одговори. „Фала му на Бога, Метју беше толку драг, млад господин и не го сподели тоа на Интернет.

Дру за време на шоуто сподели уште една своја тајна од минатото. Откри дека со четката за заби на поранешното момче ја исчистила тоалетната школка, а потоа му ја вратила.

Баримор не го откри неговото име, но во нејзина одбрана рече: „Го заслужи тоа“.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma