Раперот Канје Вест одржа забава во Лас Вегас, а поводот беше неговиот нов албум кој ќе се вика Донда, по неговата покојна мајка
Таму, тој отпеа една од песните во кои наводно имало коментари за неговиот брак со ријалити sвездата Ким Кардашијан.
Канје наводно плачел на таа забава кога започнала песната „Welcome to My Life“. Текстот на песната се однесува на неговиот развод со Ким, неговите објави на Твитер и неговата кандидатура за претседател на САД.
– Кажете им на атентаторите дека избегав од Калабасас – гласи стихот во кој Канје наводно го споредува животот во домот во Лос Анџелес со Ким со затвор.
– Тоа е многу длабока, тажна песна за Канје што го рефлектира неговиот брак со Ким. Тој зборува за децата и споменува како Ким му одзела сè. Откако започна песната, Канје паузираше околу две минути и плачеше. Беше навистина мрачно – изјави изворот.
Ова ќе биде првиот албум што Канје ќе го објави по разводот со Ким Кардашијан.