Карди Би повторно бремена! Поднесе барање за развод, па се предомисли

popara28 јуни, 20216min0
kardi2-830x0

Карди го откри стомакот и запеа на „BET Awards“, додека публиката врескаше и аплаудираше во шок

Карди Би (28) е повторно бремена, а за добрата вест ги информираше милионите следбеници преку својот Инстаграм профил.

Познатата раперка со нејзиниот сопруг Кијари Кендрел Цефус, попознат како Офсет (29), веќе има девојче Калчр Кијари (2).

Полот на второто дете сè уште не е познат, а Карди го откри стомакот и пееше на „БЕТ наградите“, додека публиката врескаше и аплаудираше во шок.

Да се потсетиме, парот се венча во тајност во септември 2017 година, но тоа и го открија на јавноста само една година подоцна, кога Карди за прв пат остана бремена.

Карди и Офсет се во брак скоро четири години, но имаа драматични подеми и падови.

Раперот за време на бракот ја изневеруваше, но таа сепак реши да остане со него. Сепак, дојде до момент кога беше презаситена, па во септември 2020 година, таа поднесе барање за развод.

Тврдеше дека нема да попушти и дека меѓу нив е готово, а тогаш, два месеци подоцна се откажа од разводот.

– Како што се карам со сите вас на социјалните мрежи, така и јас со мојот маж. Значи, кога луѓето ќе ми кажат дека го правам сето ова за внимание, тоа не е точно, јас сум само луда личност. Еден ден сум среќна, следниот ден сакам да го претепам. Ми недостасува. Тешко е кога не зборувате со вашиот најдобар пријател. А и тешко е да бидете без к*р – објасни Карди на свој начин.

Во ист стил, таа еднаш одговори на прашањето како ќе реагира нејзината ќерка кога ќе ја види нејзината мајка како се појавува во спотови и во јавност.

– Ќе го види моето тело, ќе ме види како тверкам, па се прашувам дали има разлика што сум го сторила тоа пред или после неа? Како и да е, тоа е објавено. Мислам дека мајките треба да се чувствуваат се*си. Не мислам дека откако ќе станеш мајка, треба да си чесен – објасни раперката.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma