Кардиолози: Една чаша вино е поштетна отколку што мислите!

20 април, 2021
Three,Glass,Of,Red,,Rose,And,White,Wine,Over,Black

Сите знаеме дека прекумерното конзумирање на алкохол е лошо за здравјето, но што е со „рекреативното“ пиење алкохол во мали количини?

Кардиолозите стравуваат дека премногу луѓе сè уште веруваат во митот дека една мала чаша вино или пиво не штети, туку има малку корист за здравјето.

Секојдневно пиење алкохол, дури и во многу мали количини, го зголемува ризикот од развој на атријална фибрилација, нарушување на срцевиот ритам, што е најчеста срцева аритмија по екстрасистола.

Оваа состојба предизвикува палпитации, отежнато дишење, болка во градите, губење на свеста, но може да биде и целосно асимптоматска, па проблемот да е откриен случајно.

Според податоците на британската национална здравствена служба, тој проблем ги погодува седум проценти од луѓето постари од 65 години. Иако ваквото конзумирање на алкохол обично не е опасна по живот, тоа може да предизвика разни проблеми и исто така е поврзано со мозочни удари.

Дури и една чаша вино на ден има ефекти врз здравјето на срцето, според големото истражување на Центарот за срце при универзитетската болница Хамбург-Епендорф, во кое се обработени податоци собрани за 100.000 луѓе следени 14 години, кои претходно не страдале од атријална фибрилација.

Студијата открива дека во тие 14 години, повеќе од 5.800 субјекти развиле ваков тип на срцева аритмија за прв пат, а ризикот е поголем, колку што е поголема редовното конзумирање на алкохол.

Докажано е дека дури и една чаша пиво или вино на ден го зголемува ризикот од развој на срцеви аритмии за 16 проценти во споредба со луѓето кои не конзумирале алкохолни пијалоци. Кај луѓето кои конзумирале две чаши алкохол на ден, ризикот се зголемил за 28 проценти.

Авторите на студијата забележуваат дека една чаша алкохол од време на време не претставува ризик за луѓето со добро здравје.

Првите симптоми на атријална фибрилација се палпитации и забрзано чукање на срцето. Значи, на пациентите им се препорачува целосно да избегнуваат алкохолни пијалоци.