Каролина Гочева ја објави својата „Идила“ (видео)

popara3 јуни, 20212min0
каро

Пејачката Каролина Гочева кога пред три години го издаде својот албум „Извор“ наиде на одличен фидбек од македонската публика, па освен што ги воодушеви старите фанови, таа се здоби со нови обожаватели.

Песните „Ти не дојде“, „Бели цветови“, „Ѕвона“, „Нема песна за мене“ најдоа пат до публиката и се уште се слушани и барани меѓу луѓето.

Естрадните уметници поради пандемијата со коронавирусот изминатиот период не работеа, односно немаа настапи, а поголемиот дел од нив и не создаваа музички дела.

Меѓутоа, сега кога изгледа се гледа крајот на пандемијата, пејачите полека се враќаат на своја територија.

Каролина деновиве сподели убави вести, односно го најави својот нов албум на кој изминатите две години работела заедно  со Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.

Албумот е составен од преработка на најубавите македонски евергрини. Повеќето песни се такви кои не биле многу изведувани низ годиниве, музика од 60ти, 70ти, дури и песна која Димитар Масевски ја напишал ‘57 година.

Гочева вчера (02.06.2021) ја објави и првата песната „Идила“ . Ова дело е потпишано од композиторот Драган Ѓаконовски – Шпато. За пијаното и аражманот е задолжен Дуке Бојаџиев, додека за кларинетот Исмаил Лумановски.

Во продолжение слушнете ја „Идила“.

Преземено од vistina.com.mk

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma