Среќна и задоволна мајка – тоа е Кејт Хадсон
Актерката Кејт Хадсон (42) објави нова слика на социјалните мрежи со нејзиниот најстар син Рајдер (17). Сите коментираат како актерката изгледа феноменално и младешки и дека повеќе изгледа како постара сестра на нејзиниот син, отколку како мајка.
Кејт има три деца, секое со различен сопруг, а деновиве ужива во семејното време дома, а на социјалните мрежи сака да покажува слики.
Со цел да го задржи младешкиот изглед, Кејт вежба секој ден, но практикува и разни третмани за подмладување, додека од својата мајка Голди Хоун наследила добри гени.
„Сè што правам, го правам за доброто на моите деца и нивната иднина, а мајка ми Голди Хоун ме инспирираше да го сторам тоа“, напиша Кејт честитајќи го Денот на мајката.